МENU

Графичка Индустрија
─ 1944 ─


ПЕЧАТЕЊЕ СО
ПРВОКЛАСЕН КВАЛИТЕТ.

Kiro Dandaro Icon

Производи

Флексибилна амбалажа

Флексографија (или скратено Флексо печат) е форма на печатење која користи флексо рељефни плочи. Тоа во суштина е модерна верзија на високиот печат, кој може да се користи за печатење на секој вид насупстрати, вклучувајќи пластика, метални филмови, целофан и хартија. Се користи за печатење на најразлични видови на амбалажа за храна, како и секаков друг вид на амбалажа.

Располагаме со висококвалитетен и комплетно дигитализиран систем на изработка и монтажа на плочите за печатење.

Располагаме со модерна технологија за длабок печат кој користи цилиндар, на кој ласерски и прецизно се гравираат ќелии, кои се способни да ја задржуваат печатарската боја, големината и калапот. Врз нив се отсликува саканиот дизајн, со помош на притисок и капиларна акција. Понатаму следува ламинирање, конфекционирање или парафирање на амбалажата, во зависност од желбите на крајниот корисник.

БЕЗБЕДНОСЕН ПЕЧАТ

Доколку безбедноста Ви е приоритет при печатењето, нашата Печатница Ви е совршен партнер. Наша цел е да Ви обезбедиме висок стандард на безбедност при печатењето на документи со иновативни дизајни, совисок квалитет, во сосема безбедна средина. Ние нудиме софтверско решение кое ви помогне да се оптимизира безбедноста на Вашите документи или Вашите постоечки дизајни да се прилагодат на повисок степен на заштита.


Нудиме исклучителни безбедносни решенија при печатењето на гласачки материјал за избори, изводи од матични книги, дипломи, индекси, легитимации, билети за лотарија, грепки, контролни маркички, ваучер, билети и најразлични видови на доверливи документи.

РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ

Нудиме широк спектар на можности за печатење на рекламен материјал кој ќе ги задоволи Вашите маркетинг потреби. Ние можеме да Ви помогнеме да го промовирате Вашиот бизнис, нудејќи комплетна услуга при изработувањето на: книги, проспекти, постери, летоци, каталози, брошури, плакати, роковници и друго.

ЕТИКЕТИ

Нудиме и изработка на различни видови на етикети и капачки со различни димензии според Ваша замисла и димензија.

Kiro Dandaro Icon

Услуги

ДИЗАЈН СТУДИО

Нашиот дизајнерски тим е составен од креативни, комуникативни и непосредни дизајнери, кои ќе Ви овозможат широк спектар на графички дизајн и услуги. Нашата главна цел е да ја оживееме Вашата визија. Од почеток до крај, нашиот искусен персонал ќе го создаде дизајнот кој Вие го посакувате и кој ќе ви даде предност пред вашата конкуренција.

ГРАФИЧКА ПОДГОТОВКА

​Користејќи најнова компјутерска и дигитална технологија, досега сме дизајнирале најразлични дизајни за: визит карти, брошури, летоци, банери, весници, магазини, каталози, амбалажа за производи од прехрамбената и непрехрамбената индустрија, хемиската, фармацевтската индустрија и многу други.

Kiro Dandaro Icon

ПОРТФОЛИО

└ г а л е р и ј а ┘

ЗАМРЗНАТА ХРАНА © фото

Фолијата треба да ја издржи манипулацијата на смрзнат проивод и да обезбеди заштита од навлегување на надворешни ароми. Во зависност од производот кој се пакува, неговиот рок на траење и типот на машината за пакување, се користат комбинации на полипропилени или полиестери со полиетилени. Крајниот метализиран слој пак го потенцира дизајнот и го одвојува производот од останатите на конкуренцијата.

СНЕК © фото

Најраспространет тип на фолија, најстар во нашата програма. Но сега и со можност за дополнителна заштита на производот од кислород или влага, за чипсот да е крцкав како да е спакуван сега. Од варијанти со метализиран полипропилен, каде дизајнот го добива полниот сјај, до транспарентни или мат полипропилени, каде ефектот на хартија го прави пакувањето ексклузивно.

ПОВЕЌЕСЛОЈНИ ФОЛИИ © фото

Заштитата на производот, како и солидниот изглед на спакуваниот производ на полиците, наметнуваат користење на повеќеслојни фолии. Комбинациите зависат од типот на производот, заштитата која тој производ ја бара, дизајнот и сл.

ВАКУМ ФОЛИИ - МАП БАРИЕРНИ ФОЛИИ © фото

Најразличните производи кои бараат соодветна заштита од присуство на воздух имаат потреба од вакумирање, а во зависност од производот и намената, можни се повеќе комбинации на фолии, во два или три слоја, со или без алуминиум или полиамид.

КЕСИ СО ЦЕНТРАЛЕН ИЛИ СТРАНИЧЕН ВАР © фото

Откако фолијата ќе биде отпечатена и ламинирана, ние нудиме и производство на кеси, доколку тоа е замислата на нашиот клиент. Произведуваме кеси во различна големина и бои, кои допринесуваат за продолжување на рокот на траење на производот.

ДЕТЕРГЕНТИ И ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊA © фото

ДЕТЕРГЕНТИ - Се користат доволно еластични материјали, со соодветна дебелина, кои нема да дозволат оштетување на пакувањето. А во морето на слични производи, вашиот ќе се истакне со јасниот печат.
ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА - Секако, потребно е да ја задржат аромата и влагата исто како да се денес пакувани. А и фолијата да ги издржи хемикалиите кои се користат во оваа индустрија.

CUT & STUCK © фото

Доколку Вашата етикетирка е од постар модел, а сакате сепак етикета која не е хартиена, туку од полипропилен, го нудиме и тоа решение. Не мора да ја заменувате Вашата етикетирка со нова, скапа опрема, доволно е само да го промените материјалот на кој се печати. Предноста во однос на хартиената етикета е во издржливоста на полипропиленот на течности, кинење и влага.

ПОЕДИНЕЧНО ПАКУВАЊЕ (TWIST WRAP) © фото

Произведувате бонбони или карамели?! Поединечното пакување на овие производи е потреба, за да се заштити производот од загадување. За пакерки со големи брзини, стојат на располагање различни типови на материјали. Незаобиколен дел при поединечно завиткување на бонбони и карамели. Исто така и при пакување на гуми за џвакање.

САМОЛЕПЛИВИ ЕТИКЕТИ © фото

Печат на најразлични типови на самолеплив материјал, со различна подлога, максимално до 8 бои, со можност за печат на една боја на лепилото или на подлогата, како и со можност за нанесување на ладна позлата.

ЗАМРЗНАТА ХРАНА (сладоледи) © фото

ОФСЕТ ПЕЧАТ © фото

Офсет печатот претставува печатарски метод со кој се произведува висококвалитетен и долготраен печат. Внимателно подготвениот компјутерски дизајн се пренесува врз метални плочи со користење на ЦТП технологијата за развивање на плочи, по што истиот се пренесува на Ролери и потоа на хартија. Располагаме со офсет печатарски машини кои нудат печат во 6+1, 4 и 2 бои, во најразлична дебелина и димензија на хартијата. Располагаме со автоматски линиски машини за изработка на тврдо укоричување, машина за изработка на сито печат.

РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ © фото

Нудиме широк спектар на можности за печатење на рекламен материјал кој ќе ги задоволи Вашите маркетинг потреби. Ние можеме да Ви помогнеме да го промовирате Вашиот бизнис, нудејќи комплетна услуга при изработувањето на: книги, проспекти, постери, летоци, каталози, брошури, плакати, роковници и друго.

БЕЗБЕДНОСЕН ПЕЧАТ · Заштита на вашите документи

Дипломи, свидетелства, изводи од матични книги, индекси, легитимации, гласачки материјали, контролни маркички, бинго ливчиња, гребки, холограми, нумерирање
ЗАШТИТЕНА БОЈА / ХОЛОГРАМИ / ХАРТИЈА / БАЗА НА ПОДАТОЦИ

Kiro Dandaro Icon

ТЕХНОЛОГИЈА

Со својата богата историја во производството на високо–квалитетен печат, постојаното надминување на очекувањата на клиентите, денес Печатницата се издигна на високо ниво во Графичката индустрија. Денес Печатницата ја претставува Графичката индустрија во Републиката. Работејќи по современите принципи на работење на територијата на повеќе балкански и светски држави, Печатницата ја воспостави и одржува својата долгорочна цел, а тоа е задржување на лидерската позиција на пазарот, свесно и одговорно однесување, како и професионален однос кон потрошувачите. Располагаме со најсовремена технологија, ги следиме достигнувањата на европско и светско ниво во графичката индустрија.

Се стремиме да обезбедиме висок квалитет на нашиот производ преку користење на високософистицирана комбинација на технологии, што одговара на буџетот на нашите клиенти и на роковите поставени од нив. Се стремиме да достигнеме доверба и лојалност кај нашите клиенти.  Горди сме на она што денес претставува Печатницата и работиме многу напорно таа традиција да ја одржиме, со фокусирање на она што најдобро ги задоволува потребите на потрошувачите. Горди сме на фактот што сме една од ретките компании со референтна листа на завидно ниво, која зборува сама за себе.

ДЛАБОК ПЕЧАТ / БАКРО

• 2 машини за длабок печат
• Максимална ширина на печат до 1300мм
• Максимален број на бои 9
• Нанесување на ладен вар во линија
• Можност за печат на позадината до 3 бои
• Мат лак на површина во регистар

ФЛЕКСО ПЕЧАТ

• 3 машини за флексо печат, централен цилиндар (CI)
• Максимален број на бои 8
• Максимална ширина на печат 1000мм
• Максимален чекор 700мм

ФЛЕКСО ПЕЧАТ UV - САМОЛЕПЛИВИ ЕТИКЕТИ

• Максимално до 8 бои вклучувајќи и лакирање
• Нанесување на ладна позлата
• Печат на една боја на лепилото или подлогата
• Печат на материјали со различна подлога

МАШИНИ ЗА ЛАМИНАЦИЈА

• Безсолвентно
• Солвентно
• Максимална ширина до 1300мм

МАШИНИ ЗА НАДОЛЖНО СЕЧЕЊЕ

• Максимален дијаметар до 600мм
• Внатрешен пречник на хилзна 70, 76 и 152мм
(кај 70мм, максимален дијаметар до 450мм)
• Минимална ширина на сечење 25мм

ОСТАНАТА ОПРЕМА

• Машини за изработка на ќеси
• Машина за изработка на алуминиумски капачки
• Машина за изработка на Cut & Stack етикети

ЛАБОРАТОРИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА

ПОДГОТОВКА

ДОРАБОТКА

ОФСЕТ ПЕЧАТ

ФЛЕКСИБИЛНА АМБАЛАЖA

БЕЗБЕДНОСЕН ПЕЧАТ

ПРВОКЛАСЕН КВАЛИТЕТ

Kiro Dandaro Icon

Машини

└ г а л е р и ј а ┘

Flekso BOBST © фото

Flekso Лепачка BOBST © фото

CTP ESKO © фото

CTP NX KODAK © фото

Бакро BOST © фото

>Офсет KBA [ 6 бои + лак] © фото

Кесарки © фото

Мешач © фото





Kiro Dandaro Icon

ЗА НАС

─ НАШИОТ ТИМ ─

Пријателски настроени, високо квалификувани, мотивирани и посветени лица ќе сретнете во нашата компанија. Ние обрнуваме внимание на деталите и се стремиме кон совршенство. Континуирано инвестираме во нашите вработени, во подобрување на нивните вештини. Уживаме во она што го работиме, што се покажува во квалитетот на она што го произведуваме.

─ ОНА ШТО ГО ВЕТУВАМЕ ─

Постигнување на најдобрите печатарски решенија е нашиот водечки предизвик. Секогаш сме спремни преку стручни, пријателски и брзи совети да им излеземе во пресрет на потрошувачите. Нашите деловни партнери ги третираме со почит, доверба и посветеност и со нив одржуваме блиски пријателски односи, во кои доминира длабокото чувство на лојалност.

ИСКУСЕТЕ ГО ПРВОКЛАСНИОТ ПЕЧАТ И НАПРАВЕТЕ РАЗЛИКА!



НИЗ ГОДИНИТЕ

70 ГОДИНИ
─ КОМПЕТЕНТНОСТ И ИСКУСТВО ─

Историјата на Печатницата, која во основа е историја на графичката дејност во Република Македонија, започна на 12/11/1944 година, само осум дена по ослободувањето на Битола. Започна како занаетчиска работилница на 22 вработени, за по шест децении да израсне во современа графичка индустрија, во која егизстираат околу 200 вработени, од различни профили и звања. Во 1948 година Печатницата се трансформира во индустриско претпријатие, во кое од 1950 година е воведено работничко самоуправување. До почетокот на 70тите години има самостоен развој, по што се трансформира во Основна Организација на здружен труд "Киро Димитровски Дандаро", во рамките на работната организација Битолски графички завод. Во почетоткот на 90 тите години, во процесот на транзиција на општествениот капитал, прерасна во Акционерско друштво, во која што форма успешно датира до денес. Од своите почетоци, до денес Печатницата го сочува развојниот континуитет, создадени се просторни, кадровски и технолошки услови, кои му овозможуваат постојан развој и просперитет.

​ ​ ─ ИМЕТО ─

Киро Димитровски Дандаро беше графички работник, вистински борец, родољуб и хуманист. Тој спаѓа меѓу плејадата борци кои го дадоа својот живот за слободата и развојот на својата земја. Денес тој претставува симбол за вработените во Печатницата и целиот колектив кон него ја изразува својата длабока почит.



ПЕЧАТНИЦАТА ДЕНЕС

Со својата богата историја во производството на високо–квалитетен печат, постојаното надминување на очекувањата на клиентите, денес Печатницата се издигна на високо ниво во Графичката индустрија. Денес Печатницата ја претставува Графичката индустрија во Републиката. Работејќи по современите принципи на работење на територијата на повеќе балкански и светски држави, Печатницата ја воспостави и одржува својата долгорочна цел, а тоа е задржување на лидерската позиција на пазарот, свесно и одговорно однесување, како и професионален однос кон потрошувачите. Располагаме со најсовремена технологија, ги следиме достигнувањата на европско и светско ниво во графичката индустрија. Нудиме целосна (full service) услуга во делот на:

· Подготовка [Prepress]
· Доработка [Postpress]
· Офсет Печат [Offset Printing]
· Безбедносен Печат [Security Printing]
· Флексибилна Амбалажа [Flexible Packaging]


Се стремиме да обезбедиме висок квалитет на нашиот производ преку користење на високософистицирана комбинација на технологии, што одговара на буџетот на нашите клиенти и на роковите поставени од нив. Се стремиме да достигнеме доверба и лојалност кај нашите клиенти.

Горди сме на она што денес претставува Печатницата и работиме многу напорно таа традиција да ја одржеме, со фокусирање на она што најдобро ги задоволува потребите на потрошувачите. Горди сме на фактот што сме една од ретките компании со референтна листа на завидно ниво, која зборува сама за себе.​






Kiro Dandaro Icon

НОВОСТИ

GRAFIKUM

Kodak NX Wide 4260 Instaliran u Makedoniji

Коdak, Kiro Dandaro

Kompanija Kiro Dandaro iz Bitolja, na daleko poznat u proizvodnji fleksibilne ambalaže, uveo je u proizvodnju još jedan NX sistem i to NX Wide 4260, prvi takav instaliran u Makedoniji... [+ link]

ESKO

HD FLEXO Certification

Esko, Kiro Dandaro

HD Flexo is the new standard for flexo quality. Companies that are HD Flexo certified are among the best in their field. These companies are constantly innovating to offer the very best in flexo quality... [+ link]

ECM

Economic Chamber of Macedonia - Certification

Economic Chamber Macedonia, Kiro Dandaro

Economic Chamber of Macedonia certifies that the company owning this website, satisfies the criteria for certification. Certification basis is credit report and regular monitoring from COFACE credit reporting house... [+ link]

SEENEWS

Macedonia's Kiro Dandaro gets 1.5 mln euro Printing Equipment – Econ Chamber

See News, Kiro Dandaro

Macedonian printing company Kiro Dandaro has increased its production and export capacity after getting new equipment worth 1.5 million euro ($1.96 million), the country's economic chamber said... [+ link]


Kiro Dandaro Icon

КЛИЕНТИ

  • We cooperate with Kiro Dandaro since 2008 as our major supplier with flexible packaging to food and nonfood category. Their commitment to quality, fast deliveries and proactive approach to every our demand makes us feeling comfortable into this cooperation. Together forward to new challenges!

    Kiro Dandaro Icon
    Labinot Gruda Business Development Director
    Bibita Group, Kosovo
  • Долгите години на соработка помеѓу "Кожувчанка" и "Киро Дандаро" го докажува нашето задоволство од оваа компанија. Од спремноста да реагираат на кратките рокови, до квалитетот кој го нудат, вработените од "Киро Дандаро" се секогаш тука да одговорат на нашите барања. Компанијата "Кожувчанка" секогаш се стреми кон квалитет на своите производи и понудувачка, и е во тренд со светските новитети и случувања, затоа изборот на соработниците како "Киро Дандаро" треба, и е на исто ниво.

    Kiro Dandaro Icon
    Blazhe Chuparkoski Chief of Marketing Department
    Kozuvcanka LTD, Macedonia

Kiro Dandaro Icon

КОНТАКТ

Стапете во контакт со нас уште денес, Ви стоиме на располагање за секаков вид на печатење со првокласен квалитет.


АДРЕСА

АД Киро Дандаро
Баница 3
7000 Битола
Македонија

Телефони

+ 389 47 237 448
+ 389 47 223 792

E-пошта

sales@kirodandaro.com.mk